ВМРО-ДПМНЕ: Конгресот на СДСМ потсетува на времињата од претходниот систем

 

Целосно затворен и недемократски е вечерашниот Конгрес на СДСМ, обвинува владејчката ВМРО-ДПМНЕ. Во писмено соопштение од владечката партија велат дека Конгресот на СДСМ потсетува на времиња од претходниот систем.

 

„СДСМ немаше никаква процедура. Немаше транспарентности демократичност. Одлуката дека Пендаровски ќе биде кандидат на СДСМ за Претседател на Република Македонија беше соопштена пред било кој нивен орган, Извршен одбор или Централен одбор, да донесе одлука. Очигледно дека одлуката е донесена од еден човек, од Бранко Црвенковски, без почитување на базични демократски принципи и процедури.

 

Кандидатот за Претседател на СДСМ, Стево Пендаровски, еден ден негираше дека ќе биде кандидат, а веднаш, другиот ден, без никаква одлука на било кој орган на СДСМ, јавно потврдуваше дека тој ќе е кандидатот за Претседател. Тоа е така, зошто Пендаровски е кандидат на само еден човек, на Црвенковски.

 

СДСМ не кажа кои се противкандидатите на Пендаровски. Ниту оние 8 кои, бар според нив, влегле во потесен круг, ниту оние 26 кои демек биле предложени од нивните Општински организации. Не ги кажуваат или пак воопшто ги немаат.

 

Да биде недемократичноста на СДСМ уште поголема, тие денес, ќе бираат кандидат за Претседател, а имаат предложено само еден. И таа постапка ќе ја прават зад затворени врати, без увид на јавноста и без присуство на новинари и медиуми.

 

Никој во оваа држава, според СДСМ, не смее да дознае кои се делегатиете кои ќе гласаат на нивниот Конгрес, кои биле, демек осумте противкандидати,  зошто Пендаровски и СДСМ ја демантираа и негираа вест дека тој е кандидат, за по еден ден да ја потврдат.“ - велат во писменото соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Според владејачката партија мотото на нивниот денешен Конгрес, повторно, зборува за „арогантноста и отуѓеноста која владее во СДСМ“
„СДСМ не може да кажува каков Претседател заслужува Македонија, ниту пак Бранко Црвенковски може да кажува каков Претседател заслужува Македонија. За тоа одлучуваат и кажуваат граѓаните на Република Македонија“ - велат од ВМРО-ДПМНЕ

 

04.03.2014 - 14:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега