"Немаме место за Господ во автомобилот" - приказна која го шокираше светот

Прочитајте ја оваа инспиративна приказна за која велат дека се темели на вистинска приказна и размислете: Дали чудата навистина постојат? 

Четири пијани момчиња сакале да продолжат да се забавуваат, но, пред да го продолжат вечерното излегување, наминале во куќата на едниот од нив. Мајката на момчето, загрижена што тие пијани ќе влезат во автомобил им рекла:

-Драги деца, внимавајте и Бог нека ве чува!

Момчињата се насмеале, а едно од нив одговорило:

-Немаме место за него, полн ни е автомобилот. Може да дојде со нас, но само во багажникот, нека седи таму.

Откако заминале, момчињата доживеале страотна несреќа. Сите четворица ги загубиле животите во згмечениот автомобил. На лице место излегле полицајци, пожарникари и медицински тимови. За момчињата, за жал, немало спас.

 Но, сите ги шокирало тоа што го виделе во багажникот на уништеното возило. Таму имало табла со јајца и ниту едно од нив не било скршено.

04.03.2014 - 14:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега