Груевски: Од ветувањето на Заев за театар остана едно големо НИШТО

 

Премиерот Никола Груевски и министерката за култура Елизабета Канческа Милевска денеска во Струмица беа дел од поставувањето на камен-темелникот на Стариот театар.

- Повеќе години изградбата и обновата на стариот струмички театар е тема на струмичката чаршија, но и тема на многу избори и политички ветувања. За жал, таквите ветувања за обновување на театарот никој до сега не смогна сили да го исполни. Дури и господинот Заев пред повеќе години ветуваше дека сам ќе го обнови театарот. Но, од таквото ветување, за жал, останало едно големо ништо. Со оглед на ваквата ситуација, изградбата на театарот влезе во нашата програма и ние цврсто застанавме позади неговото возобновување. Ветивме дека ќе го изградиме и не заборавивме на нашето ветување, нагласи премиерот Груевски.

Груевски посочува дека ниту било ниту лесно, ниту едноставно, но она што го зацртале биле силно решени да го исполнат и го исполнуваат.

- Од  денеска започнува новото раѓање на стариот струмички театар, нагласи Груевски.

Министерката за култура, канческ-Милевска, потенцира дека струмичкиот театар ќе има најсовремени перфоманси и извонредни сценски и аудиовизуелни ресурси. Комплетно ќе биде обновен екстериерот и ентериерот на стариот театар. Ќе бидат реконструирани и дел од оригиналните орнаменти на објектот при што ќе бидат користени стручните сугестии на авторот Цане Јанкуловски.

ФОТО: Струмицаденес.мк

 

03.03.2014 - 14:04
Фото: 
струмицаденес.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега