И ова го измислија: Апликација поради која никогаш повеќе нема да слушнете дека не и обрнувате внимание на саканата
БроАп е андроид апликација која верувале или не, праќа љубовни пораки дури и кога не сте до мобилниот!
Оваа апликација која момците ќе ги чини два долари, праќа веќе напишани СМС пораки од телефоните, со што нема да има расправии во врската, а момците ќе можат повеќе време да одвојат и за самите себе и за пријателите.
Оваа апликација праќа пораки од типот: Драга како помина денеска на работа? Ми недостасуваш. Како си помина денеска...а ако овие пораки кои се веќе напишани не ви се допаѓаат, тогаш може да си креирате и свои.
Иако се чини интересно сепак внимавајте, бидејќи доколку седите со девојката а и стигне ваква порака, тоа секако нема да заврши добро...
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа