Груевски денеска во посета на Струмица, Босилово и Демир Капија

 

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе оствари посета на општините Струмица, Босилово и Демир Капија.

Премиерот во 12 часот ќе присуствува на отпочнување со изградба на Струмичкиот театар, додека во 12 часот и 40 минути ќе присуствува на пуштање во употреба на спортска сала во ОУ „Св. Кирил и Методиј“, село Иловица, општина Босилово.

 

 Потоа, во 14 часот и 30 минути премиерот ќе присуствува на пуштање во употреба на спортска сала во ОУ „Димче Ангелов Габерот“, општина Демир Капија.

 

03.03.2014 - 09:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега