Груевски: Никогаш нема да ја свиткаме кичмата за името
Премиерот Никола Груевски кој денеска се обрати на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за избор на претседателски кандидат за претстојните избори, истакна дека сите најмногу сакаме решение на проблемот со Грција, но дека нема да ја свиткаме кичмата за ова прашање.
-Проблемот со името со нашите соседи не е работа само поврзана со избори решението за името за нас има поголема суштина. Ние по ова прашање освен голема волја имаме и јасни принципи кои досега во повеќе наврати се имаме произнесено.Народот е тој што ќе одлучи, ако Грција и понатаму остане со такви радикални ставови како досега ние секоја година можеме да организираме избори, посочи премиерот и додаде дека ние веќе се навикнавме на тоа знајќи дека крајната цел им е да ја свиткаме кичмата. Народот не се лаже, само СДСМ може да ја свитка кичмата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа