„Мртовец" шокирал работници од погребално претпријатие - еве зошто

Работниците на едно американско погребално претпријатие се шокирале кога од вреќа со мртовец која била донесена кај нив, излегов човек кој е жив и здрав!

Се работи за 78-годишниот фармер Волтер Вилијамс од Мисисипи кој бил прогласен за мртов во средата, откако лекарот констатирал дека нема пулс. Кога бил донесен во погребалното претпријатие, старецот се разбудил, започнал да се врти во вреќата, а потоа и гласно да вика.

Сега старецот е префрлен во болница, а докторите сметаат дека неговиот пејсмејкер престанал да работи, а потоа повторно проработел, па затоа лекарите направиле ваква грешка.

Фармерот изјавува дека е среќен што е уште меѓу живите.

01.03.2014 - 10:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега