ВМРО-ДПМНЕ цела ноќ ќе одлучува дали ќе оди на предвремени избори

 

Цела ноќ ќе трае Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на кој се одлучува дали партијата ќе ја прифати иницијативата на ДУИ за распуштање на Собранието. Ваква информација пред малку им била дадена на новинарите кои го очекуваат исходот од вечерашниот состанок. Од партијата изјавиле дека конечната одлука ќе биде соопштена на утрешната Конвенција на ВМРО-ДПМНЕ чиј старт е закажан за во 11 часот во Универзалната сала во Скопје.

Претходно вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и претставници на партијата имаа средба со лидерите на помалите политички партии кои се нејзини коалициски партнери.  

Утре партијата ќе одржи Конвенција за избор на кандидат за изборите за претседател на државата закажани за 13 април. Вториот круг од претседателските избори треба да се одржи на 27 април, за кога најверојатно би биле закажани и предвремени парламентарни избори

28.02.2014 - 22:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега