Ова е најлошата вест за овој викенд

 

Во Македонија во сабота ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Во доцните попладневни часови зголемување на облачноста која во вечерните часови и во текот на ноќта ќе донесе врнежи од дожд, а на планините над 1500 метри со врнежи од снег. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер. Утринските температури од -1°C до 6°C степени, а дневните температури ќе се движат од 7°C до 15°C, пишува специјализираниот портал за временска прогноза Weather4all

Тоа практично значи дека доколку сте планирале прошетка на отворено, ќе мора да ја одложите, бидејќи временските услови и не се баш погодени

Во Скопје во сабота ќе биде умерено облачно со сончеви приоди, во вечерните часови нестабилно со врнежи од дожд. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 2°C, а дневната температура ќе достигне до 14°C.

Во недела во Македонија ќе биде облачно и нестабилно со врнежи од дожд, а на планините над 1500 метри со врнежи од снег. Ќе дува умерен југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Утринските температури од 3°C до 9°C, а дневните температури ќе достигнат до 6°C односно о 12°C

28.02.2014 - 22:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега