Ова е најзаразниот предмет во лекарската ординација

Стетоскопот на вашиот лекар е контаминиран со микроби и актерии од неговите раце, покажува едно истражување.

Швајцарските истражувачи проучувале 489 површини - вклучувајќи ја и кожата на 83 пациенти и лекари - со цел да го истражат нивото на контаминација за време на лекарските прегледи.

Се испоставило дека кружниот дел од стетоскопот (оној кој ја допира кожата) е најконтаминиран дел од билокој друг предмет во ординацијата или од раката на самиот лекар.

Хигиената на рацете на лекарите, пред, за време и по контактот со заболените е најважниот елемент за да би се избегнал пренос на бактерии - изјавува д-р Дидиер Питет, професор по медицина на Универзитетот вп Женева, чиј тим го спровело истражувањето.

Со оглед на тоа дека лекарот го користи својот стетоскоп на речиси секој пациент, можно е, доколку не е дезинфициран, малку бактерии од секој човек да завршат на вас. Колонии бактерии се пронајдени на стетоскопите кои се движат од безопасни до многу сериозни, што е многу важно да имате на ум доколку имате слаб имунолошки систем и сте склони кон инфекции.

Извор: Точка

28.02.2014 - 16:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега