Лазаревски: СДСМ стои зад утрешните протести
СДСМ повторно креира сценарија кои имаат за цел да предизвикаат немири и политичка дестабилизација во Македонија. Ова денеска го истакна Сашо Лазаревски.
- Протестот кој вчера го најави таканаречената невладина организација „Македонска платформа против сиромаштијата “ е уште еден политички настан кој што СДСМ се обидуваа да го претстават како израз на граѓанско незадоволство. СДСМ го организира утрешниот протест.Претседател на оваа таканаречена граѓанска органзиација е Мила Царовска, претседател на советот за социјалана политика на СДСМ. Ова е класичен партиски настан на СДСМ, вели тој.
Очигледно СДСМ во неможност да понуди конкретна програмска понуда пред граѓантие се обидува преку вакви сценарија да создаде тензии непосредно пред изборите.
- По минатонеделниот неуспешен протест на наводните стечајци, кои беа организирани и координирани од високиот партиски функционер Кире Наумов, СДСМ сега се обидува преку претседтелот на советот за социјална политика Мила Царовска, да создава наводни тензии. Овие црни сценарија на СДСМ никој пат нема да се реалзираат пред се поради фактот дека оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како никоја досега работела во интерес на граѓаните на Република Македонија, а особено во интерес на најранливите категории на граѓани. Впрочем, Владата на ВМРО-ДПМНЕ е таа која што ги зголеми социјалната помош, пензиите, воведе минимална плата и истата ја покачи, како и ја намали стапката на невработеност за цели 10 проценти, се со цел да се зголеми стандардот на граѓаните на Репубика Македонија, вели тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа