Џафери на состанок на НАТО со земјите учеснички во мисијата ИСАФ

 

Министерот Талат Џафери денеска ќе престојува во Брисел, Белгија, каде ќе учествува на состанокот на северноатлантската алијанса (NAC) со не-НАТО земјите кои придонесуваат во мисијата ИСАФ во Авганистан.

Целта е да се направи проценка на прогресот во однос на процесот на транзиција и предавањето на целосна одговорност за безбедноста на Авганистанските национални безбедносни сили, како и понатамошно планирање на мисијата пост-2014 година наречена „Одлучна поддршка“.

По завршувањето на NAC состанокот со не-НАТО земјите кои придонесуваат во мисијата ИСАФ, министрите за одбрана на групата А-5 ќе реализираат состанок на кој ќе дискутираат за можното идно заедничко учество во мисијата „Одлучна поддршка“ и во подготовките на други НАТО предводени проекти, стои во соопштението на Министерството за одбрана.

27.02.2014 - 09:39
Фото: 
Дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега