Макрадули ветува бесплатни младински годишни карти

Кандидатот за градоначалник на Скопје од „Сојузот за иднината“ Јани Макрадули ветува бесплатни младински годишни карти доколку ја добие довербата од скопјани

Сите средношколци и студенти во Скопје ќе добијат бесплатни билети за возење со јавниот превоз. Тој билет ќе важи 365 дена во годината, а не само за време кога се одржува наставата, изјави денескан Макрадули.

Тој вели дека ќе се посвети на вистинските приоритети во главниот град, преку проекти од кои граѓаните, а пред се младите ќе имале голема корист.

Според Макрадули, со потрошените 10 милиони евра за  проектите Галија, Мост на уметноста и мостот „Око“ ќе можело да се обезбедат  615.000 бесплатни месечни карти за учениците и студентите.

Макрадули  вети и дека  ќе воведе нова автобуска линија на релација Кисела Вода-Аеродром-Гази Баба и оти ќе била почеста линијата која сообраќа до скопскиот аеродром.

најчитано сега