СДСМ: НБРМ да го објави износот на јавниот долг

 

СДСМ бара гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Димитар Богов да  каже колку изнесувале јавниот долг на државата, без долгот на НБРМ, и долгот на централната Влада, на 30 септември минатата година.

- Богов според закон е должен да го следи и објавува надворешниот јавен долг, рече претседателот на Советот за економски прашања во СДСМ, Кире Наумов на денешната прес-конференција.

СПоред Наумов, Богов треба да одговори дали надворешниот јавен долг, без долгот на НБРМ, на 30 септември 2013, изнесувал 2 милијарди и 94 милиони евра, како што стоело во претпристапната економска програма изработена од Министерството за финансии каде било наведено дека тој податок е преземен од НБРМ.

- Бараме од гувернерот Богов да и соопшти на јавноста колкав е номиналниот БДП за 2013 година, што Народната банка го користи при објавувањето на сите свои статистички извештаи. Или поконкретно, дали е тој 8 милијарди и 31 милион евра, како што тврди Министерството за финасии во своите статистички извештаи, рече денеска Наумов.

Доколку НБРМ и гувернерот Богов исто како и извршната власт не и ги соопштат на јавноста овие податоци, рече Наумов, има јасен доказ дека Народната банка не работи независно.

25.02.2014 - 15:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега