Охриѓанец доби кривична пријава за узурпирана плажа
50-годишен Охриѓанец заработи кривична пријава поради постоење основано сомнение за сторено казнено дело „ узурпација на недвижности“.
Според Секторот за внатрешни работи од Охрид, во периодот од 9 јули до 16 август минатата година, охриѓанецот узурпирал плажа, односно државен имот во вкупна површина од 5.082 метри квадратни.
Тој без поседување на одобрение за поставување на урбана опрема го оградил просторот и поставил три покриени шанкови, три летни тераси, една кружна дрвена настрешница, една метална платформа и метална осматрачница, повеќе дрвени конструкции со хоризонтални и вертикални греди, како и камени огради во должина од 180 метри.
Иако лани во текот на декември бил писмено предупреден од општината Охриѓанецот не ја платил утврдената закупнина од 457.380 денари во утврдените рокови.
Претходно, во текот на јули и август извршена е и испекција на местото при што е утврдено дека охриѓанецот неовластено користи државно земјиште кај плажата каде врши угостителска и туристичка дејност.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа