„Остани чист не биди муле“ - едукативна работилница за средношколците во Куманово
Царинската управа на Македонија денеска организираше едукативна работилница, во рамки на кампањата „Остани чист, не биди муле“ пред кумановските средношколци.
Целта на оваа кампања е запознавање на младата популација со последиците и злоупотребата на дрогата, уживањето, трговијата, производството и нејзиното криумчарење.
- Пред се сакавме да слоганот кој го дадовме да им остане во свест и потсвест и во случај младите евентуално младите да би помислиле на нешто слично, некако самиот тој слоган да им дојде до нивните мисли и да ги одврати од таквата намера. Доколу макар едно дете во Репбулика Македонија успееме на овој начин да го одвртаиме од занимавање кој било начин со дрогата сметаме дека ќе бидеме многу успешни со оваа кампања и ќе имаме голем ефект, изјави Љиљана Живковиќ – Давиткова самостоен советник во одделението за обуки и долгогодишен обучувач на тема „Идентификација на дрога и спречување на криумчарење“.
Според Живковиќ-Давиткова интересот кај младите за посета на овие работилници е исклучително голем, а по презентациите средношколците развиваат дебата споделувајќи мислење и примери.
По завршувањето на едукативната работилница во дворот на средното техничко училиште пред учениците беше демонстрирана практична вежба на откривање дрога од специјалното одделение на Царинската управа со помош на кучето Адам.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа