УМС: ВМРО ДПМНЕ се грижи за младите во Македонија

 

Со одлуката на Владата за кратење на трошоците на работодавачите за вработување на лица помлади од 29 години, ВМРО ДПМНЕ покажа дека и понатаму се занимава со политика која се грижи за младите во Македонија, и дека тие можат да и веруваат на оваа партија, бидејќи тоа ќе овозможи нивно вработување во реалниот сектор, соопшти на денешната прес конференција Владимир Нелоски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

- Ние имаме кредибилитет да говориме за младите, затоа што сето она што сме го ветиле, тоа и го остваруваме. ВМРО-ДПМНЕ докажа и овојпат, како и многупати до сега, дека се грижи за перспективата на младите. Мерката ќе овозможи голем број млади лица да добијат можност за вработување во реалниот сектор и на тој начин со своето знаење и капацитет да придонесат во развојот на претпријатијата и севкупно на економијата, рече Нелоски поздравувајќи ја мерката.

Тој подвлече дека оваа владина мерка е поттик за работодавачите да вработуваат млади лица, бидејќи со неа ќе се обезбедат нови работни места за младите невработени лица.

- Младите лица се моторот на секоја економија. Давањето на можност за нивно вработување ќе биде придобивка не само за претпријатијата туку ќе значи и дополнителен импулс на развојот на македонската енономија. Младите имаат моќ да придонесат кон развојот со својата инвентивност, енергија и знаење, рече Нелоски.

24.02.2014 - 15:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега