Јанакиески: Ќе се изгради водоводот во Сопшите

 

Министерството за транспорт и врски денес информираше за дебатите кои се однесуваат на урбанизацијата на уште еден дел од Скопје, а со цел создавање на потребната инфраструктура за изградба на населбата Сончев Град.

Најавена е изградба на водоснабдителни и канализациски системи во Сопиште, а во теке изградбата на регионалниот пат од Скопје до Сончев Град.

-Отпочнавме постапка за реализација на проектот „Изградба на системот за водоснабдување за дел од населените места во општина Сопиште – регионален водовод Патишка Река“, кој има големо значење за жителите во овој дел и решавање на проблемот со водоснабдувањето со цел подобрување на животниот стандард на населението, истакна министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Планирана е изградба на магистрален цевковод со вкупна должина од 22 километри, како и изградба на филтер станица и пристапен пат до истата, со што целосно ќе се реши водоснабдувањето во Сопиште.

За овој проект се обезбедени средства од буџетот во идните три години во висина од 260 милиони денари.

Покрај овој, планиран е и проект за изградба на фекална канализација во Сопиште и населбата сончев Град, со одведување кон постојните канализациски мрежи во Кисела Вода и Аеродром.

Проектот ќе се одвива во две делници и за истиот обезбедени се 306,7 милиони денари.

Министерот Јанакиески потенцираше дека водоводот во Сопиште ќе се изгради.

Градоначалникот на Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ, нагласи дека изградбата на канализационата мрежа ќе го реши проблемот на 13.000 жители од Припор, Усје, Стаклара и околните населби.

За Стефче Трпковски, градоначалник на општина Сопиште, овие проекти ќе го решат деценискиот проблем со водоснабдувањето во Сопиште.

Во однос на изградбата на Сончев Град, Јанакиески истакна дека во наредните 15 дена очекуваат да се платат пресметаните комуналии, по што на инвеститорот ќе му бидат дадени одобренија за градба. Во однос на регионалниот пат, кој е во изградба, министерот нагласи дека трасата е пробиена, реализацијата е во тек и се одвива по сите стандарди.

24.02.2014 - 12:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега