Не судете предвреме, вистината може да ве изненади - приказна која вреди да се прочита

Поучна приказна која вреди да се прочита.  24-  годишно момче гледајќи низ прозорот од возот во кој се возелo, наеднаш извикалo: „Татооо, гледаааај, дрвото се враќа наназад“!

Таткото радосно се насмеал гледајќи го својот син. Спроти нив седел млад брачен пар и го гледале момчето од 24 години со тага и сожалување.

Наеднаш момчето повторно викнало: „Тато, погледниии, облаците летаат со нас“!!!

Брачниот пар не можел да издржи, а да не се обидат да го посоветуваат таткото. Се погледнале меѓусебно и девојката решила да му се обрати на таткото:

-Господине, зошто не го однесете вашиот син на некој добар доктор: Некој сигурно ќе може да му помогне, рекла најдобронамерно.

Тогаш таткото се насмеал и ѝ одговорил: „Токму тоа го направив. Ние баш сега се враќаме од болница. Мојот син, ова момче кое го гледате беше слепо од раѓање. Но, со помош на операција му се врати видот. Дури денес тој првпат во животот може да гледа. Сега може да ги види и дрвјата и облаците кои летаат.

Девојката се повлекла со насолзени очи, но овојпат од радост за позитивната приказна која таткото ја споделил со неа. Сигурно не ни претпоставувала дека е можен ваков одговор гледајќи од страна.

Секоја личност има своја единствена животна приказна. Затоа, не им судете на луѓето пред навистина да ги запознаете, бидејќи вистината може многу да ве изненади.

Извор: Денешен.мк

24.02.2014 - 10:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега