Маглата покри дел од патиштата низ Македонија

 

Засега сообрајот низ патиштата низ Македонија се одвива тековно по влажни коловози. Остатоци од снег и магла со видливост до 50 метри се забележани на патниот правец Попова Шапка-Тетово. кои не претставуваат проблем при одвивањето на сообраќајот.

Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани - Делчево, Виница - Берово, Маврово-Дебар-Струга, Гостивар - Стража, Д.Капија - Удово и Катланово-Велес.

Дежурните екипи на ЈП Македонија пат  се на терен и редовно ги оддржуваат  проодни сите патни правци.

24.02.2014 - 09:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега