Ова се вика хуманост- една година одел бос за да собере 25.000 евра за донации

Ричард Хадџинс  кој е еден исклучително хуман фризер од Кентаки одлучил една година да се движи без чевли.

Станува збор на капмања за собирање на средства за помош на децата од Кенија кои цел живот одат боси.

Ричард настојува да собере 25.000 долари во донации до крајот на годината и потоа да ги испрати во градот Нарок во Кенија каде на децата им се потребни униформи и чевли за да може да одат на училиште. Тој досега има собрано 4.000 долари.

Тој од декември оди бос. Тој секојдневните обврски ѓи извршува без чевли. Засега најголем проблем во овој потфат му предизвикала острата зима во Кентаки, со снег и температури под нулата.

-Ледот не е толку страшен, страшен е снегот бидејќи поминува врз стапалата, вели тој.

Ако овој решителен фризер успее во својата цел, тоа ќе овозможи купување на издржливи обувки за над 800 деца.

23.02.2014 - 14:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега