Австралиската ѕвезда Шарлот Доусон пронајдена мртва во нејзиниот дом

Четириесет и седумгодишната австралиска телевизиска ѕвезда и поранешна манакенка Шарлот Доусон, позната по борбата против интернет малтретирањето, утрово е пронајдена мртва во нејзиниот дом во Сиднеј.

Таа стана позната по учеството во шоуто „Идниот топ модел на Австралија.

Според полицијата „нема сомнителни околности за смртта“ на Доусон, формулација која се користи за самоубиство.

 

Доусон во 2012 година беше хоспитализирана откако се обиде да се самоубие. Таа на Твитер тогаш добиваше закани и беше малтретирана. Потоа поведе кампања против интернет малтретирањето.

23.02.2014 - 11:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега