Почнува доградбата на училиштето „Браќа Рамиз и Хамид“ во Шуто Оризари

 

Во скопската општина Шуто Оризари денеска е поставен камен темелник за доградба на основното училиште „Браќа Рамиз и Хамид“. На настанот присуствуваше и министерот за образование и наука Панче Кралев.

Планирано е да бидат изградени 18 нови училници и три кабинети со што ќе се добие простор од 2.343 метри квадратни. Со доградбата ќе се обезбедат подобри услови за следење на наставата за 2.123 ученици кои учат во 80 паралелки, односно ќе се создадат услови  наставата да се одвива во две, наместо во три смени.

Градежните работи треба да завршат за 15 месеци, а проектот чини над 66 милиони денари, средства од Министерството за образование и наука. 

ФОТО: vmro-dpmne.org.mk