ДОМ почнува кампања против генетски модифицираната храна

Демократската обнова за Македонија стартува кампања против генетски модифицираната храна (ГМО), која како што велат, претставува потенцијална опасност по здравјето на луѓето и закана за животната средина.

- ДОМ го дели ставот на зелената опција во Европа и ширум светот дека генетски модифицираната храна, добиточна храна, семе и семенски материјал претставуваат закана за животната средина и потенцијална опасност по здравјето на луѓето и нивното потомство. Затоа ДОМ е против употребата на ГМО и се залага за употреба на домашни автохтони сорти и исхрана со здрава храна, истакнуваат од ДОМ.

Кампањата, како што информира ДОМ, има за цел консултација на експерти од оваа област, анализа на законската регулатива во Република Македонија и Европа, како и контрола на присуството на ГМО и примена на позитивни странски искуства. 

најчитано сега