Насилни дрски и малолетни арамии краделе низ Македонија

19 годишните К.Б. од Битола и Д.М. од Демир Хисар си заработија кривични пријави за разбојништво и тешка кражба, додека  а К.Б. заедно со Ѓ.Б. (18) од Кривогаштани и Ж.З. (18) од Охрид ќе одговараат за “разбојништво во обид“. Во вториот случај, информираат од МВР, кривично се пријавени малолетиците Е.Т. (15), А.М. (16) и А.М. (18) сите од Битола, кои заедно со С.З. (15), О.Ш. (16), И.Н. и Д.Н. извршиле вкупно 19 тешки кражби.

 -Во првиот случај К.Б. и Д.М. се товарат дека на почетокот на јули минатата година во Битола во кругот на Клиничката болница, двајцата со употреба на физичка сила извршиле разбојништво над оштетената Н.М.  одземајќи  и чанта во која имало 120 евра, околу 2.700 денари и мобилен телефон, додека пак во периодот од 03 до 14.07.2012 година, во три наврати на различни локации во Битола, од три женски лица, со употреба на сила  им одзеле чанти во кои имало парични средства, документи, мобилен телефон и друго, причинувајќи материјална штета од околу 25.000 денари. Исто така, на 27.02. годинава, во близина на спортската сала „Павел Шатев“, К.Б. заедно со Ѓ.Б. и Ж.З. го пресретнале Д.Д. од Кичево и се обиделе да му го одземат златното ланче од вратот, а откако не успеале, се откажале во намерата, стои во соопштението од полицијата.

 Во вториот случај, се вели во соопштението, Е.Т., А.М. и А.М. во Битола на ул. „Васко Карангелевски“, користејќи ја немоќта на оштетената Б.Г., влегле во нејзиниот стан и со употреба на сила извршиле разбојништво, одземајќи златен накит и обувки, во вредност од околу 30.000 денари. Исто така, во периодот од октомври 2011 до јануари 2013 година, на подрачјето на Битола, во повеќе наврати со употреба на физичка сила и погоден предмет, вршеле тешки кражби во магацински простор, цркви и стан, од каде одзеле парични средства и прехранбени производи, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 35.830 денари.

 

најчитано сега