Вистински хорор во Скопје: Му влегол дома и го избодел пред очите на семејството

 

Крвава драма вчера го стресе скопски Чаир. 46 годишниот И.М. влегол во станот на својот сосед и го избодел со нож пред очите на неговата сопруга и мајка.

Како што информираат од полицијата, инцидентот се случил вчера околу 13:40 часот, кога бесниот И.М. влегол во станот на неговиот сосед Ш.У. и физички го нападнал пред неговата сопруга и мајка. Во еден момент насилникот земал нож и го зарил во раката на Ш.У. 

Повредениот скопјанец веднаш бил пренесен во болницата „Св.Наум Охридски“, каде е задржан на понатамошно лекување.

Напаѓачот бил приведен и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

21.02.2014 - 10:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега