Младите велешани заинтересирани за владините мерки за вработување

 

Претставници на Агенцијата за вработување и на Министерството за труд и социјална политика денеска во големата сала на Општина Велес за младите невработени извршија инфо-презентацијата на најновите мерки и можности за вработување.

Горан Велески од Министерството за труд и социјална политика истакна дека ова се тековни мерки кои ги имплементираат преку Агенцијата за вработување, како што се програмата за самовработување која ја реализираат во соработка со УНДП, различни видови на обуки, субвенционирани вработувања.

- Сето тоа е дел од оперативниот план за активни мерки кој се спроведува од 2007 година до денеска, потенцира Велески.

На невработените млади велешани им беа презентирани и двете нови мерки кои Агенцијата ги спроведува за да се намали невработеноста.

Валентина Костенова в.д. раководител на Агенцијата за вработување во Велес потсети дека младите до 29 години кои се дипломци можат да искористат некоја од наведените мерки и полесно да дојдат од образование до вработување. Воедно тие нудат и полагање за Д категорија за оние лица кои веќе имаат положено Ц категорија со искуство од најмалку 2 години. 

19.02.2014 - 13:51
Фото: 
економски.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега