„Побудале" времето во Македонија - што ќе се случува со температурите наредните денови?

 

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во текот на денот облачноста постепено ќе се зголемува. Претежно ќе биде тивко, а наместа ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус три до шест, а дневната од 16 до 20 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во текот на денот ќе има зголемување на облачноста, а претежно ќе биде тивко. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе достигне до 17 степени.

Од утре дневната температура постепено ќе опаѓа и облачноста ќе се зголемува. Во петок и за време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со локален дожд. 

19.02.2014 - 13:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега