Светот му се поклонува на овој човек - остана парализиран за да прооди 6-годишно момченце

Оваа приказна која дефинитивно е доказ дека сеуште постојат хумани и добродушни луѓе, ќе ви го исполни срцето, но истовремено и ќе ве растажи.

Запознајте го Даниел Блек кој во 2009 година имал велосипедска несреќа при што за жал останал парализиран. Тој со години собирал пари и донации за револуционерна операција која повторно би му овозможила да оди, но денес тој се уште е во количка. Овој човек и покрај големиот удар кој му го задал животот, кога слушнал за тажната приказна на 6-годишниот  Брекон Воган кој има церебрална парализа, решил да ја покаже хуманата страна и да му помогне.

Без трошка двоумење, Даниел Блек своите 22.000 фунти ги донирал во фондот за операција на малиот Брекон, а токму таа сума на пари била потребна за да може да се реализира операцијата.

Иако и денеска е во количка вели дека никогаш нема да се покае за оваа одлука.

19.02.2014 - 11:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега