Грчките медиуми пишуваат за доаѓањето на Венизелос во Скопје
Министерот за надворешни работи на Грција Евангелос Венизелос доцна попладне ќе пристигне во Скопје, во рамките на неговата турнеја низ шест главни градови во Западен Балкан, а грчките медиуми веќе наголемо пишуваат за неговото пристигнување во зимјата.
Како што пренесе МИА, грчките весници не пропуштија да напишат дека „и покрај тоа што Скопје вложува напори да остави впечаток пред меѓународната заедница дека грчката Влада избегнува билатерални средби и нема волја да се занимава со други прашања освен со долгот“, Венизелос попладнево сепак ќе пристигне во Македонија.
- Се очекува состаноците да се одржат во негативна атмосфера, затоа што Македонија продолжува со контрапродуктивниот став во билатералните односи со узурпација на грчки симболи и историја, и често покренување на прашањето за ’македонското малцинство’ и тоа на највисоко ниво, коментираат грчките медиуми.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа