ССМ: Секогаш сме активно вклучени во решавањето на проблемите на стечајците

Сојузот на синдикатите на Македонија во рамките на своите програмски цели и определби во континуитет од постоењето на проблемот на стечајните работници настојувал истиот да биде решен на начин што ќе се обезбеди заштите на оваа категорија на работници. Ова денеска стои во соопштението на ССМ по денешниот протест на мал број стечајни работници.

-Напоменуваме дека Сојузот на синдикатите на Македонија  во еден историски континуитет секогаш бил активно вклучен во решавањето на проблемот на статусот на овие работници со давање на конкретни предлози и забелешки во поглед на законската регулатива, се вели во соопштението на ССМ.

ССм напоменува дека реализирани се низа активности, предлози по законски текстови, постапки при судовите, стечајни постапки, обезбедување на стечајни побарувања и слично со што со конкретни чекори ја обезбедуваат, а и натаму ќе продолжат да ги обезбедуваат и остваруваат програмските цели и определби на работниците, вклучително и на овие работници.

18.02.2014 - 12:43
Фото: 
Курир

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега