ВИДЕО: Инцидент - стечајците ја нападнаа полицијата во центарот на Скопје

 

Кумановските стечајци пред малку ја нападнаа полицијата во обид насилно да влезат во зградата на ССМ, незадоволни бидејќи синдикалниот лидер, Живко Митревски не сакал да оствари средба со нив, јавува А1он. Станува збор за група стечајци од Куманово кои не се задоволни со новиот закон кој им овозможува обештетување, доколку биле вработен во државни фирми.
Инаку лидерката на стечајците кои денеска протестираат важи за блиска до опозициската СДСМ а партијата од Бихаќка во неколку наврати ја користеше во своите предизборни кампањи.

ВИДЕО: А1он

18.02.2014 - 12.11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега