Дознајте каква личност сте според денот на вашето раѓање!

Дознајте што значи денот на вашето раѓање.

Понеделник ( Месечина- мајка на боговите кај старите Египјани)

- Понеделник е променлив и нестабилен. Тој е добар ден за писателите, бидејќи во тој ден фантазијата е исклучително стимулирана.

Месечината во астрологијата го симболизира женскиот принцип, и затоа понеделникот владее со жените и ги заштитува. Се смета дека девојчињата родени во понеделник стануваат добри сопруги и мајки.

Вторник (Марс- бог на војната)

- Во вторник се раѓаат борци, херои и витези. Во минатото овој ден се сметал како многу тежок ден. Токму во вторник започнувале војните и воените удари.

Во вторник не се препорачува многу одмарање. Напротив, во вторник започнете некој проект и имајте физичка активност. Овој ден не е добар за тимска работа.

Среда ( Меркур - гласникот на боговите)

- Со средата владее Меркур, кој е поврзан со трговија, знаење и информации. Умот е најактивен во среда и најотворен за комуникација и размена на идеи. Луѓето родени во среда брзо размислуваат.

Четврток ( Јупитер владител на боговите)

- Древните народи Јупитер го нарекувале крал на планетите. Луѓето родени во четврток привлекуваат внимание и почитување со својот оптимизам и несебичност. Се сметаат за родени водачи и најчесто заземаат високи позиции во општеството. Во старите култури често биле избирани за свештеници и мудреци.

Петок ( Венера - божица на убавината) 

- Со овој ден владее божицата на љубовта, убавината и уживањето. Се смета дека луето родени на овој ден носат мир, хармонија и љубов. Тие се уметници, естети и дипломати. Тоа е ден кога луѓето се расположени за опуштање и забава.

Сабота ( Сатурн - бог на времето и смртта)

- Ова е уште еден критичен ден во неделата, посветен на мртвите. Тоа е ден кога се раѓаат научниците, филозофите, самотниците и аскетите. Тоа се луѓе кои најчесто имаат сериозен однос спрема животот и имаат големо чувство на одговорност. Луѓето родени во сабота се склони кон депресија.

Недела ( Сонце - бог на животот и лекувањето)

-Луѓето родени во недела ги краси оптимизам, дарежливост и љубов спрема животот. Ова е ден за славење, креативност, среќа и успех. Ова е најдобар ден за венчавки, за започнување нови активности и планови и за медицински третмани. 

Извор: Портал

18.02.2014 - 11:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега