“Македонците се наши браќа” - Грците гневни на Валијанатос

Претседателот на Либералната алијанса Грегорис Валијанатос, деновиве се најде на мета на остри критики поради интервјуто кое во текот на минатата година го дал за Нетпрес и МРТ.

Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, интервјуто во кое што Валијанатос меѓудругото порача дека времето работи во полза на Македонија бидејќи бројот на држави што не признаваат под уставното име се зголемува од ден во ден, повторно крена прашина деновиве, и предизвика гнев кај Грците.

-Неверојатни позиции во однос на Скопје изразува кандидатот за градоначалник на Атина, Григорис Валијанатос. Толку е неверојатно и заблудува, па некој може лесно да заклучи дека станува збор за кандидат за градоначалник на Скопје, а не на Атина.  Пријателот на Скопјаните Грегорис Валијанатос во неговото интервју со Марија Котовска за Македонската радио телевизија вели дека Македонија е признаена од 134 земји во светот. Времето работи во ваша корист , се вели во текстот на порталот ”Дифенс Нет”, пренесува Нетпрес.

Исто така, и порталот “Еглиматикотита” пренесува дека Валијанатос изјавил дека “Македонците се наши браќа”.

За потсетување, во интервјуто минатата година, Валијантос порача дека е многу тешко оваа грчка Влада и овој премиер да ги придвижат работите во однос на името и дека во историјата се направиле грешки од двете страни.

18.02.2014 - 11:05
Фото: 
Нетпрес

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега