Koj хороскопски знак е најдобар, а кој најлош возач?!

Канадски интернет портал направил истражување  за тоа кој хороскопски знак е најлош возач.  Во текот на истражувањето од 100.000 возачи, Вагите се покажале како најлоши возачи од останатите 11 знаци.

Тие  во периодот измеѓу 23 септември и 22 октомври би требало да отсликуваат хармонија и рамнотежа. Како што се наведува во резултатите од истражувањето, Вагите биле предизвикувачи на значително повеќе сообраќајни несреќи за разлика од другите хороскопски знаци.

Најдобри возачи се Лавовите бидејќи често пати сакаат да преовладуваат и да се истакнуваат, а во чекор ги следат и Близнаците и Раковите.

Најмногу казни добиваат Рибите, а зад нив се Овните и Водолиите. Близнаците, Стрелците и Девиците имаат најмалку пишани казни.

18.02.2014 - 10:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега