Пијан отишол да се тетовира - останал шокиран кога видел што има на телото

Необичен инцидент се случил во Австралија. Младо момче на грбот ќе носи тетоважа со џиновски пенис поради своите пијани другари.

Тројца другари чиј идентитет е непознат седнале и се запиле, а потоа се решиле едниот од нив да оди и да се истетовира. "Жртвата" на своите пријатели отишла кај тату-мајстор и побарала тетоважа, но неговите другари му се договориле зад грб што треба да биде истетовирано и на кој дел од телото. Имено, другарите на момчето се договориле тату-мајсторот Метју Брејди да му нацрта огромен пенис на грбот, иако тој побарат тигар и птица. Кога видел што му се случило со грбот, момчето побеснело и случајот го пријавило во полиција.

За инцидентот, другарите ќе си заработат соодветна казна, а момчето ќе добие бесплатна корекција на тетоважата.

 

18.02.2014 - 09:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега