Бесими и Шурман во посета на тетовско Добреште

 

Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими заедно со амбасадорката на Холандија во Македонија Маријет Шурман денеска го посетија тетовското село Доброште како дел од информативаната кампања на ЕУ автобусот со кој претставници на земјите членки на Унијата и македонската Влада ги запознаваат граѓаните за придобивките и обврските со нашето зачленување во ЕУ.

Според вицепремиерот Бесими Македонија упорно продолжува да работи кон исполнување на критериумите за влез во евроатлантските интеграции.

Работиме постојано чекор по чекор да ги исполниме заклучоците од декемврискиот самит на Унијата за што побрзо зачленување на Македонија во оваа асоцијација. Приоритет остануваат добрососедските односи и решавањето на проблемот со името со Грција за што ние работиме и не се откажуваме од преговорите за решавање на овој проблем рече Бесими.

Холандската амбасадорка Шурман рече дека во ЕУ има место за Македонија.

Денешните активности опфатија делење на брошури поврзани со ЕУ додека најмладите учествуваа во неколку наградни игри.

МИА

најчитано сега