Општините од источна Македонија сами ќе го организираат прскањето против комарци
Општините во источна Македонија сами ќе го организираат прскањето против комарци.
Општина Штип има над 2 милиона денари за дезинсекција и дератизација, но, според градоначалникот Илчо Захариев, акцијата нема да биде успешна и нема да има голем ефект доколку и помалите општини не се вклучат во неа.
- Ако ние прскаме против комарците во Штип, а не прскаат помалите општини како што се Карбинци и Чешиново – Облешево кои граничат со нашата општина, ништо не сме сториле, изјави Захариев.