Ќе ви го стопли срцето: Погледнете како овој човек израдува детенце со аутизам (ВИДЕО)

Петгодишниот Даниел од Калифорнија кој боледува од аутизам, преживеа нешто необично кое трогна голем број луѓе ширум светот.

Ова детенце особено се радувало кога ќе дојде недела, бидејќи тогаш доаѓал камионот кој го собирал ѓубрето од кантите пред куќите. Возачот на камионот, за кој се знае само дека се вика Мануел, му го разубави денот на детенцето, откако кога го виде како се радува, му подари ист камион како оној што го вози, но секако играчка. 

- Еден човек, една момнт кој допре до моето дете со аутизам. Многу сум благодарна, напиша мајката на видеото од нејзиното синче кое го стави на Јутјуб.

 

17.02.2014 - 14:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега