Обвинителството сеуште ја истражува смртта на Никола Младенов

-Најверојатно, односно се работи за сообраќајна несреќа. Нашата работа треба да ги отстрани шпекулациите за несреќата, вели обвинителот на Република Македонија Марко Зврлевски, пренесува Канал 5..

Обвинителството сеуште работи на расчистување на случајот со сообраќајната несреќа во која животот го загуби македонскиот новинар Никола Младенов, пренесува Канал 5. Државниот обвинител Зврлевски за Канал 5 најавува дека обвинителството бргу ќе ја заврши оваа обврска.

-Најверојатно, односно се работи за сообраќајна несреќа. Нашата работа треба да ги отстрани шпекулациите за несреќата, вели обвинителот на Република Македонија Марко Зврлевски, пренесува Канал 5..

Младенов го загуби животот на 26. март, нешто пред полноќ. Истрагата на лице место ја изврши истражниот судија, а 9 дена подоцна имаше нов увид. Истражниот отсек на скопскиот кривичен суд, на 9. април соопшти дека станува збор за сообраќајна несреќа и дека Младенов со 160 километри на час излетал од патот и починал од тешките повреди.

 Истрагата на обвинителството треба да го одговори прашањето дали некој го бркал Младенов по автопатот или му се попречил за да го натера да излета од асфалтот.

ФОТО: А1.он

најчитано сега