Kaко заедно да доживеете оргазам?!

 

Едно од врвните случувања во сексот е постигнувањето истовремен оргазам кај обата партнери. Тоа не е чест случај, но е едно од најдобрите искуства во животот. Можеби некој пат случајно ќе Ви се случи истовремен оргазам, а со некои совети можете смислено и намерно да дојдете до тоа искуство.

 

Направете атмосфера

Пред сè, креирајте околина која ќе Ве опушти и воведе во сексуалното расположение. Пригушете ги светлата, запалете мирисни свеќи и пуштете некоја лесна и сензуална музика. Кога тоа ќе го направите, приближете се еден со друг и полека милувајте се. Допирите и бакнежите нека бидат нежни. Настојувајте предиграта да трае подолго. Сексуалните терапевти препорачуваат да си шепнувате и секси зборови, но да не брзате со пенетрацијата.

Препуштете се на спонтаноста

Иако имате силна желба да доживеете оргаам истовремено, тоа не смее да биде цел на Вашиот сексуален однос. Немојте да си дозволите таа желба да Ве оптеретува. Настојувајте да бидете спонтани, правете го она што Во годи и во што уживате. Запознајте го секој дел од телото на партнерот. Разменувајте си допири и угодувајте си еден на друг. Меѓусебно исполнувајте си го желбите. Предуслов за сето тоа е добро да се познавате. Истовремениот оргазам најќесто се случува ај добро уиграни партнери кои се добро поврзани и на физичко и на психичко ниво. Тоа значи дека можете отворено да си кажете сè еден на друг, а во сексот тоа е исклучително важно.

Оргазам на чекање

Немојте да брзате во доживувањето оргазам. Опуштете се и уживајте, нека ви потрае сексот. На тоа посебно внимание треба да посветат мажите кои побрзо стигнуваат до оргазам. На жените пак им треба малку подолго, па партнерот треба малку да го одложи оргазмот. Според советите на експертите, мажот би требало да биде во поза за да ја контролира ејакулацијата и оргазмот, а жената во поза со која најбрзо стигнува до оргазам. Нивото на возбуденост помеѓу партнерите би требало да биде исто. Ако добро се познавате, тогаш без грешка ќе знаете кои се тоа пози и кое ниво е тоа.   

Со вежби до совршенство

 

Можеби првиот пат кога свесно ќе пробувате заедно да дојдете до истовремено задоволство, нема да успеете, но бидете упорни. Како и со сè во животот, па и во ова потребно е време и пракса. Првиот пат е најтежок, но кога еднаш ќе го скршите мразот, ќе биде сè полесно и полесно, а Вашиот сексуален живот ќе процвета. Само внимавајте да не  паднете во замката на опсесивното размислување за оргазмот. Сексот нека биде задоволство само по себе, без оптеретување за истовремен оргазам.

15.02.2014 - 15:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега