ВНИМАВАЈТЕ: Масовно се трујат кучиња во Скопје - отровот опасен и за луѓето

Бројни реакции пристигнале синоќа на адресата на Анима Мунди, за масовно турење на кучиња во Автокоманда и Аеродром.

По улиците бил масовно расфрлан отров поради кој кучињата бавно умирале мачејќи се. Кучињата се грчеле од болка, повраќале, и насекаде околу нив  имало крв.

Од Анима мунди посочуваат дека отровот е расфрлан по улици каде има голема френкфенција на луѓе, вклучувајќи ги и децата, поради што треба особено да се внимава бидејќи отровот освен кучињата, може да убие и човек за помалку од десет минути.

11.02.2014 - 15:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега