Внимавајте: Полицијата демне - пајакот прави „парче“ низ Скопје

Во текот на овие три дена беа откриени и санкционирани 66 возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол при што беа исклучени од сообраќај, шест возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и 26 возачи кои не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосница. Санкционирани се и 126 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината. Од нив 44 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место.

Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 125 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Во рамките на сообраќајно воспитните акции денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Мирче Ацев“ кое се наоѓа на територијата на општина Ѓорче Петров со учениците од второ и четврто одделение.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

10.02.2014 - 10:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега