Пијани возачи „летале" на скопските улици - викендов 24 сообраќајки

Викендов повторно хаос на скопските улици. Во Скопје се случиле 24 сообраќајни незгоди од кои во 14 имало тешко повредени лица, додека 13 од нив поминале со полесни телесни повреди.

Во петокот се случиле шест сообраќајки.Во две била направена само материјална штета, додека во три четири лица се здобиле со тешки телесни повреди. Во саботата се случиле девет сообраќајки.

На подрачјето на град Скопје вчера се случија девет сообраќани незгоди. Од нив шест се со последица материјална штета и три со последица телесни повреди во коишто со полесни повреди се здобиле четири лица.

Во текот на овие три дена беа откриени и санкционирани 66 возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол при што беа исклучени од сообраќај, шест возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и 26 возачи кои не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосница. Санкционирани се и 126 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината. Од нив 44 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место.

 

10.02.2014 - 09:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега