Познат фудбалер загина во сообраќајка

Фудбалерот на украинскиот шампиот Шахтјор од Доњецк, Маикон Переира Де Оливеира, рано утрово трагично загина во сообраќајна несреќа.

„Беше талентиран фудбалер, отворено и пријателски настроено момче.Го сакаше животот и на него гледаше на ведар и позитвен начин. Трагичната предвремена и апсурдна смрт го оттргна од животот во неговата 25-та година. Ова е голема загуба за сите нас и клубот изразува сочуство на неговото семејство и пријателите. Нека почива во мир…“ – стои во соопштението на офоцијалниот веб сајт на ФК “Шахтјор“.

 

Маикон е роден во Рио де Жанеиро  на 8 мај 1988 година. Пред да заигра во украинскиот шампион Шахтјор,  настапувал за Атлетико Моги, Волин, Стеауа –Букурешт, а играл како позајмен играч и за Зориј и Илшивец.

08.02.2014 - 19:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега