Никола Рилкоски: Нема да подлегнам на политички притисоци и влијанија
Државната изборна комисија селата своја енергија сега ја насочува кон непречено организирање на претседателските избори и се додека нема официјални информации за евентуални предвремени парламентарни избори, на ова прашање нема да се фокусира. Претседателот на ДИК, Никола Рилкоски, во интервју за Прес24, верува дека Претседателските избори ќе бидат организирани и спороведени без какви било проблеми. Она што го тврди за себе, но и што го очекува од свопите колеги, членови на ДИК, е да не подлегнуваат на притисоци и влијанија од партиите од кои се делегирани.
- Јас и со моето доаѓање најавив, а и во делот на колегумите што ги имаме, побарав, политиката не може да се исклучи, меѓутоа да го сведеме влијанието на политиката на најмала можна мера во одлучувањето на ДИК. До овој момент во ДИК функционираме нормално, коректно. Не сме имале никаков проблем кој би бил мотивиран од политички аспект. Функционираме по словото на законот, вели Рилкоски за Прес24.
Евентуалниот проблем со поклопување на изборните кампањи, кој би можел да се појави, со можноста да има и превдремени парламентарни избори во вториот круг од претседателските, Рилкоски вели дека ќе предизвика главоболки, но дека тоа прашање треба да го асполвираат и пратениците ако одлучат за предвремени парламентарни избори.
- Кај мене лично создава една дилема, што и како ќе се решава во тој период на евентуално преклопување на изборните кампањи. Ќе има главоболки. Парламентот веројатно кога би излегле со таков предлог за распишување на изборите, би требал да го има в предвид ова, вели Претседателот на ДИК, во интервјуто за Прес24.
Ове претседателски избори ќе бидат први избори за Претседател на кој ќе гласа и дијаспората. Рилкоски очекува дека нема да се појават проблемите со гласањето во дијаспората од претходните избори. Потенцијални гласачи од дијаспората засега има околу 68.000. Колку од нив ќе имаат право на глас ќе зависи од тоа колкумина ќе се пријават. Тие што нема да се пријават ќе фигурираат на избирачкиот список, но без право на глас. Ќе бидат обележани со звездичка.
Рилкоски и во интервјуто за Прес24, апелира за доследно почитување на изборните правила, што партиите ги направија со консензус.
- Сите чинители кои што се опфатени во изборниот законик да не посегнуваат да ги прекршуваат одредбите, бидејќи измените на изборниот законик се донесени консензуално со политичкте партии. Сите се сложија со него, сега редно е и сите да го почитуваат изборниот законик, вели првиот човек на ДИК, Никола Рилкоски во интервјуто за Прес24.
ПРЕС24: Државната изборна комисија ги утврди роковите за одржување на претседателските избори, тие веќе течат, но дали ДИК веќе ги има сите подготовки за непречено одржување на изборниот процес, како фер и демократски?
РИЛКОСКИ: Државната изборна комисија е подготвена. Таа се подготвуваше уште во очекување на објавување на датумот за претседателските избори. Бидејќи тој веќе е објавен, роковите течат. Нашите припреми беа уште од периодот пред да биде званично објавен податокот за распишување на изборите. Во овој период течат припремите онака како што е предвидено со роковникот. ДИК се што имаше предвидено да исполни, да изврши, како обврска предвидена според изборниот законик, во моментов е подготвена за тоа.
ПРЕС24: На овие претседателски избори, за прв пат за Претседател ќе гласа и дијаспората. Имавме едно такво искуство за парламентарните избори. Тогаш имаше многу негодувања околу начинот на гласање. Сега можеме ли да констатираме дека тука не би требало да има никакви проблеми. Како тоа ќе оди?
РИЛКОСКИ: Гласањето на дијаспората е точно одредено како ќе се гласа во одредбите од изборниот законик. Во тој дел ние сме припремени. Веќе се почнати активностите за подготовка на гласањето на дијаспората. Точно е дака овие претседателски избори се први претседателски избори на кои ќе се гласа и во дијаспората. Први пробни , да речам пионерски, избори во дијаспората беа изборите за предвремените парламентари избори. И нормално, како за почеток се појавиле некои недостатоци, меѓутоа сите тие недостатоци ДИК веќе ги има апсолвирано и истите не очекувам дека треба пак да се појават. Така што од наша страна, во делот на гласањето на дијаспората ќе направиме, а и правиме напори, тоа да помине во најдобар ред.
ПРЕС24: Има ли некоја бројка со која може да се оперира , колку гласачи од дијаспората би излегле на овие избори?
РИЛКОСКИ: Бројот на тие што ќе гласаат не може да се се каже однапред. Ние како податок, што го имаме добиено од МВР, со сотојба на 3 февруари 2014 година, имаме податок дека според евиденцијата во МВР, оние кои што се одеслени во дијаспората и кои го имаат пријавено своето, условно одеслување, иако некој можеби е и на привремена работа во странство, некој со престој, значи тие што се евидентирани, бројката е некаде 68,704 лица.
ПРЕС24: Тие се потенцијални гласачи?
РИЛКОСКИ: Да. Тие се потенцијални. Од 16-ти февруари натаму следува јавен увид, односно постапка на сите заинтересирани граѓани кои што се на привремен прстој и работа во странство да се пријавуваат. Од бројката колку ќе се пријават за гласање ќе зависи колку ќе гласаат.
ПРЕС24: До кога е пријавувањето?
РИЛКОСКИ: Пријавувањето во странство почнува од самиот ден на распишување на изборите, до затворање на увидот во изборачкиот список, а тоа е 7 март.
ПРЕС24: Што станува со избирачкиот список? Секогаш имаше негодувања околу непрочистеноста. Можеме ли да констатираме дека сега станува збор за избирачки список, кој не би требало да остава елементи на сомнеж за овие претседателски избори?
РИЛКОСКИ: Точно е дека избирачкиот список предизвикуваше сомнеж во јавноста. Што се однесува до неговото прочистување, податоците за избирачкиот список ДИК ги обработува секојдневно и ги ажурира, бидејќи тие податоци се жива материја. Доаѓаат податоци на луѓе кои се стекнале со право на глас, луѓе кои што починале, тие треба да се бришат. Луѓе кои што се стекнале со државјанство, оние кои што изгубиле државјанство. Луѓе кои го промениле презимето. Овие податоци доаѓаат секојдневно и ДИК тие ги ажурира, што значи работи на тој дел од списокот. Дали е целосно прочистен? Тука не можам да кажам. Евентуално ќе имаме согледување за списокот откако ќе го имаме во преработена форма од државниот завод за статистика. Тоа значи, избирачкиот список, врз основа на податоци добиени до МВР, сега го обработува државниот завод за статистика и ние ќе го објавиме. Потоа право на секој граѓанин е да може да има увид, односно да има забелешки, во смисла кој е починат, па потоа да се побара како граѓанин, или партија, тоа секој може да го побара, да пријават дека на пример тоа лице е починато меѓутоа постои се уште на списокот и да побараат да се избрише. Се разбира со веродостојни податоци. Откако ќе заврши таа постапка на јавен увид, се она што ние ќе го добиеме кај нас, дали за бришење, или за поново запишување... тогаш ние ќе имаме едно согледување до кај е дојдено со избирачкиот список.
ПРЕС24: Има ли бројка, колку во моментов има избирчи на избирачкиот список?
РИЛКОСКИ: Во моментов на избирачкиот список се 1.787.350 гласачи, со состојба на 3 февруари 2014 година.
ПРЕС24: Плус оние 68.000 од дијаспората?
РИЛКОСКИ: Не!. Тие влегуваат во оваа бројка.
ПРЕС24: Кога ќе дојде денот на гласањето, тие ќе останат на избирачкиот список?
РИЛКОСКИ: Тие се евидентирани дека се надвор од Македонија. Дали ќе останат на списокот за гласање во странство ќе зависи од тоа дали ќе се пријават за гласање.
ПРЕС24: Оние кои ќе се пријават ќе останат, а оние кои што нема да се пријават ќе фигурираат на избирачкиот список?
РИЛКОСКИ: Тие само ќе намаат право да гласаат затоа што не се пријавени. Ќе бидат обележани со звездичка.
ПРЕС24: Во измените на изборниот законик се предвидува обележување на гласачите со видливо мастило. Се појавија некои сомнежи дека тоа може да преставува вовед во некакви манипулации. Подготвени сте за ова?
РИЛКОСКИ: Овој пат гласачите ќе бидат обележувани со видливо мастило. За таквото мастило ние се заинтересиравме, бидејќи наша обврска е да го обезбедиме. Имаме информации каде го има. Во понеделник една делегација ќе патува до Тирана, Албанија, каде што тие го имале најдоброто искуство со користење на вакво мастило, па и од таму да собереме некои сознанија, за да можеме да се одлучиме од каде и каков тип на мастило да се набави. Е сега, манипулации? Не можам да исклучам, дали ќе има или ќе нема. Но, сметам дека овој пат не би требало на такво нешто да се оди, бидејќи мислам дека ќе обезбедиме таков квалитет на мастило, кој што не би требало да се брише.
ПРЕС24: Една друга новина која што се најавува е биометриски чиачи на податоци. Иако тоа користење е предвидено за до 2019-та, сепак јас сакам да Ве прашам, дали евентуално ДИК размислува на овие избори да направи пилот тест на некои избирачки места, како тоа би функционирало?
РИЛКОСКИ: Не. Овој предвиден начин на проверка на идентитетот при гласањето е сложен процес, кој што за прв пат со изборниот законик е предвидено пробно да се применува, доколку постојат услови за тоа е 2015-та, па перманентно до 2019 година, кога и треба да влезе во функција. За овие избори не е предвидено.
ПРЕС24: Малку за она што значи функционалност на процесот. Некои политички партии веќе имаат рекации околу оние делови од изборниот законик поврзани со активностите на државните функционери. И вие апелиравте доследно да се почитуваат одредбите. Можеме ли да дефинираме, што точно значи прекршување на овие одредби во поглед на секојдневјите активности на државните функционери?
РИЛКОСКИ: Добор, еве јас и во оваа прилика апелирам, сите чинители кои што се опфатени во изборниот законик да не посегнуваат да ги прекршуваат одредбите, бидејќи измените на изборниот законик се донесени консензуално со политичкте партии. Сите се сложија со него, сега редно е и сите да го почитуваат изборниот законик. Најинтересен за јавноста е членот 8а од изборниот законик. Таму точно се наведени активностите кои можат, односно кои не можат да се вршат од страна на поединци и функционери. Се мисли на министри, заменици.. луѓе кои што се на истурена функција од Владата. Таму е поделено тоа на два дела. Првиот дел е дека никој не смее да презема активности со средства од буџет во периодот од распишување на изборите до завршување на изборите. Значи не можат да започнат активности од типот, водоводи, далноводи, канализации, спортски игралишта, објекти од општ интерес, ако за тоа однапред не се предвидени буџетски средства, односно сето тоа не е предвидено со програмата за работа. Ако не е предвидено, тогаш подлежат на санкции. И вториот дел е врзан со еден друг рок. 20 дена пред почетокот на кампањата и за текот на кампањата, до завршување на изборите, не смее да се преземаат активности како исплата на субвенции, социјална помош, плати, пензии кои се вонредни. Односно одење и пуштање во употреба на инфраструктурни објекти кои што се градени и започнување на градба, во овој период не смее да се случува. За да биде поригорозен законодавецот, сега за прв пат предвидел кривични санкции за ваквите преземања. Односно казните за првиот дел се 3 до 6 месеци, а за вториот дел посериозни од 3 до 5 години.
ПРЕС24: Е сега ваквата ситуација, конкретно на терен како функционира? Владеачките функционери излегуваат на терен и велат дека отварњето на спортска сала е дел од предвидената програма. Опозицијата вели тоа е прекршување на изборниот законик?
РИЛКОСКИ: Секој ќе си одговара за постапките што ги презема. Ако претставнициете на Владата сметаат, односно сето тоа го предвиделе и во буџетските средства и во програмата, тогаш најверојатно и се сигурни во тоа и ги преземаат овие дејствија. За тоа дали е така или не, тој што се сомнева дали е така ќе мора тоа да го провери.
ПРЕС24: Кој ќе утрдува прекршување на овие правила? Дали ДИК ќе поднесува пријави?
РИЛКОСКИ: Во врска со прекршувањето на законските одредби предвидено е во нашиот систем. Има институции кои што тоа го пратат. Нормално јавното обвинителство. Второ државната комисија за спречување на корупцијата, поединци, лично може кој било да поднесе пријави за прекршување. Во секој случај ние сите состојби ќе ги имаме в предвид. И доколку постојат сериозни прекршувања, се што е во наша надлежност ќе реагираме.
ПРЕС24: Иако засега нема ништо официјално, сепак најавите се дека се поизвесно е да има и предвремени парламентарни избори во вториот круг од претседателските. Дали ДИК е подготвена за овој предизвик?
РИЛКОСКИ: ДИК целиот свој потенцијал го вложува на организацијата на претседателските избори. Тоа е нешто кај што не смееме да кикснеме во делот на обврските. Дали ќе има или не предвремени парламентарни избори, тоа за нас се работи за кои официјално податоци немаме. Ниту како ДИК, ниту пак јас лично како Претседател на ДИК. Се е засега само на пишувања во медиумите, така што, дали ќе има или не, зависи од друг. Собранието е тоа кое што ќе донесе одлука за евентуално распишување на предвремени избори. Ние како прашање го имаме апсолвирано кај нас, меѓутоа сега не сакам да зборувам дали сме спремни или не, но во секој случај ние го имаме апсолвирано ова прашање. Кога ќе добиеме официјално, има или нема, тогаш можеме и официјално да соопштиме.
ПРЕС24: Меѓутоа хипотетички. Во таква стуација ќе има преклопување на изборните кампањи, од околу шест дена. Што во таква ситуација?
РИЛКОСКИ: Ако зборуваме хипотетички тогаш да. Јас прво би рекол дека, евентуално за некакви случувања кои би призлегле надвор од колосекот, треба да мисли тој што ќе ја носи одлуката за распишување на изборите. Прво тие треба да се преслушаат како ќе биде усогласено со изборниот законик.
ПРЕС24: Би било ли пожелно Парламентот да даде и толкување на изборниот законик за една таква ситуација?
РИЛКОСКИ: Како Парламентот ќе се однесува во целата ситуација, навистина не можам да предвидам. Дали ќе има преклопување или ќе нема, колку ќе биде.. ние тоа ќе го соопштиме единствено само кога ќе добиеме официјален податок дека ќе имаме вонредни парламентарни избори. Кај мене лично создава една дилема, што и како ќе се решава во тој период на евентуално преклопување на изборните кампањи. Ќе има главоболки. Парламентот веројатно кога би излегле со таков предлог за распишување на изборите, би требал да го има в предвид ова.
ПРЕС24. Кога станавте претседател на ДИК изразивте надеж дека нема да ве снајде судбината на двајцата ваши претходници. Меѓутоа јас сакам да Ве прашам нешто друго. Како може и дали воопшто може ДИК, во состав кој е од политичкте партии, речиси без експерти, да биде без влијание од партиите. Како ДИК да стане институција во која учесниците на изборите нема да имаат сомнеж?
РИЛКОСКИ: Што се однесува до составот ан ДИК. Сега ДИК е таков, каков што е врз основа на Закон. Точно е дека членовите на ДИК се претставници на политичките партии, делегирани дел од опозиција, дел од позицијата. Јас и со моето доаѓање најавив, а и во делот на колегумите што ги имаме, побарав, политиката не може да се исклучи, меѓутоа да го сведеме влијанието на политиката на најмала можна мера во одлучувањето на ДИК. До овој момент во ДИК функционираме нормално, коректно. Не сме имале никаков проблем кој би бил мотивиран од политички аспект. Функционираме по словото на законот.
Кај што велите дека нема експерти, јас можам само да кажам дека, без разлика што се претставници од политички партии, овде има луѓе со големо искуство, така што што можам да кажам дека за оваа проблематика се и експерти. Имаат знаење, меѓутоа секој од нас овде е делегиран од партија, но мислам дека ќе одиме до таа мера да се елиминира влијанието на политиките во најмала можна мера.
ПРЕС24: Ќе одолеете ли Вие како Претседател на ДИК на евентуални притисоци од партијата?
РИЛКОСКИ: Јас да! Јас познавајќи се себе, да! И моето доаѓање беше во тоа. Секој си има црвени линии.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа