Скопјанец паднал од новата сала на МЗТ - со тешки повреди префрлен во болница
52 годишен скопјанец паднал додека работел на новата сала на МЗТ и ги скршил двете раце.
Според информациите од полицијата, 52 годишниот скопјанец А.А. вчера доживеал несреќа додека изведувал градежни активности на новата сала на МЗТ, лоцирана на булеварот АВНОЈ во Аеродом.
Работникот паднал од висина од три метри и заработил тешки телесни повреди. Tој бил пренесен во болница каде му биле констатирани скршеници на двете подлактици.
07.02.2014 - 10:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа