Пајакот направи парче низ Скопје

Во текот на изминатото деноноќие се случиле  две сообраќајни незгоди со последица материјална штета и три незгоди со мала материјална штета во кои бил пополнет Европскиот извештај.

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден казнила 46 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Од нив 10 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место. Казни заработиле и пет возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол, девет возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и осум возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница.

Со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 83 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Во рамки на сообраќајно воспитните акции денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Димо Хаџи Димов“ и ОУ „Лазо Трповски“ кои се наоѓаат на територијата на општина Карпош со учениците од второ и четврто одделение.

За денеска не се најавени вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

07.02.2014 - 09:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега