Жртва на напад од шимпанзо- сите ме одбегнуваат поради мојот изглед

 

Шеесет годишната американката Карла Неш откако била нападната од шимпанзо во Конектикат во 2009-та година ги изгуби носот, очите, устата и рацете но остана и без пријатели.

Хирурзите успеале да и направат трансплатација на лице и добила нови заби. И вградиле стаклени очи и и' поклониле нови раце но и покрај тоа Карла веќе 4 години се обидува да си го врати својот живот во нормала, и бидејќи не може да с егрижи самата за себе била приморана да се пресели во старечки дом во Масачусет.

Поради лузните на нејзиното лице ја изгенуваат сите во домот, вклучувајќи го и персоналот. Деновите ги поминува сама во својата соба слушајќи аудио-книги. Се надева дека еден ден ќе може да се врати дома. 

Нејзиното семејство ја тужеше државата Конектикат за 150 милиони долари оштета бидејќи не го заплениле животното пред нападот, но тужбата била одбиена како неоснована.

06.02.2014 - 14:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега