ВМРО-ДПМНЕ: Го прифаќаме предлогот на претседателот Иванов Камбовски да биде претседател на Комисијата

 

Во врска со денешниот предлог од Претседателот на Република Македонија, г-дин Ѓорѓе Иванов, ВМРО-ДПМНЕ го истакнува следното:

          Со оглед на фактот дека двете политички партии подолго време не успеваат да се согласат за заеднички прифатлив предлог или решение за тоа кој да биде претседател на Експертската комисија за утврдување на фактите за настаните од 24 декември 2012 година, во и пред Собранието, но и за настаните кои претходеа, за нас е прифатлив предлогот на Претседателот на Република Македонија г-дин Ѓорѓе Иванов, проф. др. Владо Камбовски, претседател на МАНУ, да биде именуван за претседател на оваа Комисија.

          Со прифаќање на овој предлог, ВМРО-ДПМНЕ прави уште еден конструктивен чекор во насока на исполнување на обврската за формирање на оваа Комисија. Цениме дека би било разумно Комисијата конечно да биде формирана и да започне со својата работа.

          Се надеваме дека СДСМ ќе ги има предвид своите обврски превземени во насока на исполнување на приоритетите за  интеграцијата на Република Македонија во Европската Унија.

Интегрален текст од реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

најчитано сега